Доделени Повелби на новоименувани извршители
На ден 22.12.2023 година во Министерството за правда на РСМ беа доделени Повелби на новоименувани извршители, Лидија Радеска за подрачјето на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, Бране Милчески за подрачјето на Основен суд Струмица и Основен суд Радовиш и Марија Попов за подрачјето на Основен суд Велес, Основен суд Гевгелија, Основен суд Кавадарци и Основен суд Неготино. На доделувањето на Повелбите беше присутен и Претседaтелот на КИРСМ, Весна Деловска од Скопје.