Вести

Уредба со законска сила за примената на Законот за извршување за време на вонредна состојба, дополнение (Сл. весник РСМ, бр.103 од 16.04.2020)

corrona

Текст на Уредбата (Сл. весник РСМ, бр.103 од 16.04.2020)

Уредба со законска сила за примената на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Сл. весник бр. 86 од 01.04.2020 година)

corrona

Текст на Уредбата ( Сл. весник бр. 86 од 01.04.2020 година)

Дополнителни препораки и мерки со цел превенција од ширење на Ковид -19

Почитувани,

corrona

Комората на извршители на РСМ ја известува јавноста дека согласно дополнителните препораки и мерки за превенција од ширење на Ковид -19 донесени од страна на Владата на РСМ, КИРСМ донесе дополнителни препораки и мерки со цел превенција од ширење на Ковид -19 и тоа :

– На влезот на секоја извршителска канцеларија да се постават средства за дезинфекција и секој вработен да врши дезинфекција;

– Да не се врши прием на странки додека траат мерките за превенција донесени од Влада на РСМ, за дополнителни информации сите странки да се обраќаат во канцелариите на извршителите по телефон или по електронска пошта. Повеќе информации за граѓаните се достапни на следниов линк 

– Секој извршител доколку е во можност во соработка со доверителите да го одолжат спроведувањето на попис, процена и пленидба на предметите, како и извршување на недвижности и одлагање на одржување на продажби во канцелариите;

– Секој извршител доколку е во можност во соработка со доверителите да донесат Заклучок за запирање со извршување за извршување врз побарување по сметка кај банка на физичко лице со цел да им се овоможи на граѓаните на РСМ набавка на основни средства за живот како и во периодот додека се на сила мерките од Владата на РСМ да не издаваат Налози за извршување врз побарување по сметка кај банка на физичко лице доколку извршувањето можат да го спроведуваат со друго средство за извршување;

– Да се ослободат од работа бремените жени и лица со хронично респиратони заболувања;

– Канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ додека траат мерките за превенција од Ковид- 19 донесени од страна на Влада на РСМ да работат со скратено работно време

Се препорачува на извршителите и вработените во нивните канцеларии како и на Комората на извршители на РСМ доследно да ги почитуваат мерките донесени од Влада на РСМ донесени на 20 – та седница со кое се препорачува на Нотарската комора, Адвокатската комора како и на Комората на извршители да ги спроведуваат сите мерки, заклучоци и препораки донесени од страна на Влада на РСМ како и да се придржуваат до препораките на Претседателот на КИРСМ донесени во консултација со членовите на Управен одбор на КИРСМ.

 Претседател на КИРСМ
Зоран Димов

Дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на Ковид-19

Почитувани,

corrona
Комората на извршители на РСМ ја известува јавноста дека согласно Заклучоците на Влада на РСМ од 15- та редовна седница за преземање на дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на Ковид- 19 вирусот од 10.03.2020 година ги донесе следните превентивни мерки:

– Набавка на средства за дезинфекција во секоја канцеларија и редовно вршење на дезинфекција на канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ;

– Ограничување на времето за прием на странки во канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ и утврдување на еден ден во текот на неделата за прием на странки во посебна просторија во канцеларија на извршителот и Комората на извршители на РСМ;

– Задолжително носење на заштитни маски од страна на странки кои ќе пристапат во канцеларија на извршителот и Комората на извршители на РСМ;

– Објава на соопштение од секоја канцеларија на извршителот за редуцирање на деновите за прием на странки;

– Сите писмена до канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ да се доставуваат по поштенски пат.

 

 

Претседател на КИРСМ
Зоран Димов

Средба со Претседател

rsmНа ден 30.12.2019 година, делегација на Комората на извршители на РСМ во состав од Претседателот на КИРСМ Зоран Димов, Извршител Христо Јованов од Скопје и Извршител Николче Диневски од Битола остварија средба со Претседателот на РСМ Г-дин Стево Пендаровски и Министерот за правда Г-ѓа Рената Десковска.

Конференција на Балканска извршна исправа

s001Во деновите од 17.10.2019-18.10.2019 година во Будва, Црна Гора, Претседателот на КИРСМ зеде учество на Конференцијата за Балканска извршна исправа.
повеќе...

10 та Интернационална конференција на судски извршители

moskva001Во деновите од 31.07.2019-03.08.2019 година делегација на Комората на извршители на РСМ во состав од Претседателот на Комората Зоран Димов и извршител Саветка Георгиева ,член на УО на Комората, учествуваа на Х Интернационална Конференција на судски извршители во Москва-Русија,на која конференција свое излагање имаше Претседателот на Комората.
повеќе...

Указ за прогласување на законот за изменување и дополнување на законот за извршување

Logotype11111-300x145

Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување,
што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на
16 јануари 2020 година.

Целосен текст на законот објавен во службен весник Бр. 08-434/1, 16 јануари 2020 година

Известување

Logotype11111-300x145Комората на извршители на РМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Снежана Фитеска од Скопје, во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Александар Максимовски именуван за подрачјето на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, на адреса ул. Орце Николов бр.52/1-1, Скопје, телефон: 02/313-0331 и e-mail: izvrsitel@gmail.com
повеќе...

Известување

Logotype11111-300x145Се известуваат граѓаните дека Комората на извршители на РСМ по повод проектот „Отворени денови со граѓаните“ организира средби со извршители на подрачјето на Основите судови во Република Северна Македонија

и тоа на ден 05.12.2019 година ( четврток)
– во просториите на Основен суд Струмица во период од 12 – 14 часот

и на ден 06.12.2019 година (петок)
– во просториите на Основен суд Штип во период од 12-14 часот, заради давање правна помош и укажување со кои правни средства можат да си ги остварат своите права во извршувањето и да обезбедат правна заштита.

Комора на извршители на РСМ,
Претседател,
Зоран Димов

Покана за прес конференција

Почитувани медиуми,

Комората на извршители на Република Северна Македонија на ден 29.11.2019 година (петок), со почеток во 12:00 часот ќе одржи прес конференција во просториите на Комората на извршители кои се наоѓаат на ул. Костурски херои бр. 66-4 Скопје.
Logotype11111-300x145Конференцијата се одржува по повод донесената одлука на Управниот одбор на КИРСМ, за запознавање на јавноста со планот за организирање на ,,Отворени денови со граѓаните”.
повеќе...

5 годишнина Комора на Р. Косово

66790930_1027653040754092_6237793961344237568_nПретседателот на Комората на извршители на Република Северна Македонија, Зоран Димов, учествуваше на 5 годишнина од формирањето на Комората на приватни извршители на Република Косово на ден 16.07.2019 година во Приштина.

Одлука за измена на називот на Комората

Комората на извршители на РМ на седница на Вонредно собрание на КИРМ одржана на ден 25.06.2019 година, донесе одлука за измена на Статутот на Комората Одлука на Собрание на КИРСМ од 25.06.2019.

Семинар на извршители

thumbnail (9)

Во согласност со законската обврска за континуирано стручно усовршување и едукација на извршителите, на 17и 18 мај 2019 година, во хотелот „Дрим “, Струга се одржа семинар на извршителите во форма на тркалезни маси, во организација на Комората на извршители на Република Македонија. повеќе...

Средба со г-дин Патрик Санино, Претседател на Француската Национална комора за судски службеници

212На 17 април 2019 година, во Тирана, Република Албанија, Претседателот на Комората на извршители на РМ учествуваше во средба на претставници на Балканската иницијатива за извршување со г-дин Патрик Санино, Претседател на Француската Национална комора за судски службеници (Chambre Nationale des Huissiers de Justice). Повеќе…

Седница на Советот на Балканската иницијатива за извршување

 

Untitled

На 17 април 2019 година во седиштето Националната комора на приватни извршители на Албанија во Тирана се одржа редовна пролетна седница на Советот на Балканската иницијатива за извршување. Комората на извршители на Р.Македонија беше претставувана од Зоран Димов, Претседател на КИРМ, Роза Родиќ, член на Управен одбор на КИРМ. Повеќе…

Список на распределени предмети преземени од извршител Зорица Митровска

Logotype11111-300x145

Список на распределени предмети преземени од извршител Зорица Миторвска.

Список на распределени предмети преземени од извршител Биљана Мартиновска

Список на распределени предмети преземени од извршител Биљана Мартиновска.Logotype11111-300x145

ЈАВНА ОБЈАВА врз основа на член 48, од Законот за измени и дополнувања на Законот за извршување, Сл. Весник бр.233 од 20.12.2018 година

Logotype11111-300x145

Весна Јакимовска

Јадранка Јовановска повеќе...

Средба со Амбасадорот на Република Македонија во Франција

46985936_794413567560170_4810649601025507328_nАмбасадорот на Република Македонија во Франција Јадранка Чаушевска Димов оствари средба со извршителите Васко Блажевски и Методија Костадинов, претставници на Комората на извршители на Република Македонија кои учествуваа на Постојаниот совет на Меѓународната унија на извршители што се одржува во Париз,од 27 до 30 ноември 2018 година. повеќе...

Постојан совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ)

46996641_10210961450106127_5168617365457338368_oДелегација на Комората на извршители на Република Македонија во состав од извршител Методија Костадинов од Скопје и извршител Васко Блажевски од Скопје учествуваат на постојан совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ) во Париз, Франција во период од 29-30.11.2018 година.

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Партнерства и соработка

Јавни објави за достава

Logotype1111

Продажба на имот

 




Обука за обучувачи (ТоТ)

1111

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header
QRCode
lupa-6

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2

bannerbg_main

usaid

Најчести прашања

prasalnik 2

26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

usaid

February 2026
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
232425262728