Новости
Известување
Комората на извршители на РМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Стојанка Бреслиска од Штип, во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Силвана Митевска именувана за подрачјето на Основен суд Штип и Основен суд Свети Николе, на адреса: “Плоштад Тошо Арсов” број 56 Штип или на e-mail: izvrsitelmitevska@gmail.com , на телефон 032 390 101 .
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Претседател,
Зоран Петрески
Комората на извршители на РМ одбележува јубилеј – осум години од своето основање.
Почитувани,
Денес, Комората на извршители на РМ одбележува јубилеј – осум години од своето основање.
Пред осум години на 07 јуни 2006 година се одржа Основачкото Собрание на Комората на извршители на РМ. При основањето бројот на именувани извршители изнесуваше 40, а моментално во Комората на извршители членуваат 99 извршители и 12 заменици на извршители кои со својот труд и посветеност, успејаа да допринесат денешниот јубилеј да биде прослава на владеењето на правото.

















