Известување
Комората на Извршители на РМ најостро реагира против злоупотребата на Извршителите во политички цели. Како што се наближува денот на изброите вообичаено пред секоја изборна кампања извршителите се злоупотребуваат со цел да се остварат ситни дневнополитички и партиски цели. Сакаме да апелираме дека Извршувањето како во целиот западен свет така и во Република Македонија е столб и гаранција на правната заштита на имотот на граѓаните.
Извршителите и извршувањето не постои заради оние кои немаат да платат туку заради оние кои не сакаат да ги почитуваат договорите и судските одлуки и не сакаат да ги сервисираат своите долгови.
Имено со законот за извршување се заштитени најранливите категории на граѓани и оние примања кои доаѓаат од одредено социјално право се изземени од извршување. Исто така извршувањето е ограничено на 1/3 од плата без разлика на големината и бројот на долговите што граѓанинот ги има.
Извршителите во текот на 1 година наплаќаат над 100 милиони евра пари кои се враќаат во стопанството, пари кои во најголем дел се средства од стопански субјекти, а кои не би имале гаранција дека би ги наплатиле своите побарувања доколку не би постоело извршувањето. Воедно сакаме да информираме дека извршителите со својата работа се гаранција дека секој граѓанин може да си го наплати своето побарување од друг граѓанин, од фирма или од државата. Извршителите враќаат стотици работници на работа, наплаќаат заостанати плати и придонеси на работници, намируваат самохрани родители кои не би можеле да ја наплатат алиментацијата доколку не би постоеле извршителите и извршувањето.
Свесни за фактот дека одредена категорија на граѓани се соочува со проблеми и неможност да ги подмири сметките за комуналии, Комората на Извршители заедно со Министерствата за правда бара начини за дополнителна заштита на овие граѓани и дава иницијативи за воведување на вонсудска наплата со што трошоците за вакви предмети би се свеле на минимум и би станале занемарливи. Исто така сметаме дека треба да се размислува за воведување на можноста да одреден граѓанин биде прогласен за безимотен односно во тој случај на сиромашните би им се простиле долговите.
Напоменуваме дека Извшувањето е гаранција дека секој граѓанин кој склучил договор или добил пресуда истата ќе биде спроведена без таа гаранција едноставно правдата не би можела да се оствари. Непостоењето на присилно извршување ќе доведе до општа анархија и никој никому за ништо нема да плаќа.
Комората на извршители е подготвена да разговара со секој кој има конструктивни предлози и ке ја поддржи секоја позитивна иницијатива која ке доведе до надминување на одреден проблем на граѓаните, во таа смисла ги повикуваме претставниците на “левицата” на средба од која веруваме ќе произлезат заеднички заклучоци и предлози.

















