“ Судска заштита во извршувањето. Анализа и коментар на судска практика “
Комората има чест да Ве извести дека излезе од печат книгата “ Судска заштита во извршувањето. Анализа и коментар на судска практика “ од автор г-дин Михајло Маневски а чиј издавач е Комората на извршители на РМ.
Авторот на овој труд преку анализа и коментар на судската заштита и досегашните искуства, прави обид судската практика и досегашните искуства да се доближат до тие на кои им се најпотребни и за кои е наменет овој труд, а тоа се извршителите, судиите, нотарите и адвокатите, проценители, вештаци и стечајни управници, на службените лица во полицијата, на стопанските субјекти и финансиските институции и на специјализираните органи и тела кои имаат надлежност во постапката за извршување, на научната и стручната јавност, за продлабочување на знаењата и за едукација на кадрите за подобра соработка и за поуспешно и поефикасно работење во извршувањето на извршните исправи.
Трудот на 750 страници има систематизирана судска пракса на 130 одлуки на основните и второстепените судови и содржи 25 препораки и констатации.
Цената на книгата е 2500 денари и доколку имате интерес истата можете да ја нарачате преку Комората на извршители на РМ.

















