10 ГОДИНИ КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

akad 2

На ден 03.06.2016 година се одбележа свечен јубилеј по повод 10-годишнината од основањето на Комората на извршители на РМ. Извршувањето е една од најуспешните реформи во македонскиот правосуден систем, а воведувањето на системот на извршување го оправда своето постоење и ги положи сите испити во изминатите 10 години, беше нагласено на свечениот настан.

„Изминаа десет години од денот кога првите именувани извршители ја одржаа првата средба и ја основаа Комората на извршители на Република Македонија. Почит од сите нас за основачите кои го поминаа трнливиот пат на докажувањето дека извршувањето е столб на секој правосуден систем“, истакна претседателот на Комората на извршители, Зоран Петрески.

Петрески нагласи дека извршувањето е една од најуспешните реформи во македонскиот правосуден систем и потенцираше дека со новиот Закон за извршување, кој ќе почне да се применува од 20 август годинава, сите недостатоци и проблеми кои се појавуваа изминатите десетина години ќе се решат.

На свечената академија се обрати и претседателката на Меѓународната унија на судски извршители, Франсоа Андро, која го поздрави денешниот јубилеј изразувајќи задоволство дека македонските извршители и македонската Комората на извршители успешно функционираат, како што и во знак на обединувањето на извршителската дејност на денешниот настан присуствуваат претседателите и претставниците на коморите на извршители на Србија, Албанија, Бугарија, Косово и Црна Гора.

Министерот за правда Валдет Џафери истакна дека воведувањето на извршителите во македонскиот правен систем било револуционерно решение кое го оправдало своето постоење, покажувајќи дека новиот систем за извршување е функционален и ефикасен  и дека во иднина со новиот Закон за извршување сите противречности и проблеми ќе се надминат.

Во насока на новите решенија во новиот Закон за извршување, говореше и заменик-министерката за правда Билјана Бришкоскa-Бошковски, која нагласи дека една од основните цели на новиот закон е поефикасно остварување на правата на граѓаните, на правните лица и на сите учесници во постапката.

За соработката помеѓу Адвокатската комора и Комората на извршители говореше претседателот на АКРМ Никола Додевски, кој посочи дека во практиката адвокатите и извршителите имале одлична соработка и изрази уверување дека таквата позитивна практика ќе продолжи и во иднина. Задоволство од заемната соработка искажа и претседателката на Нотарската комора на Република Македонија Зорица Пулејкова, која оцени дека функционирањето на извршителите подразбира ефикасен правосуден систем кој ги следи европските стандарди.

Државниот секретар во Министерството за финансии Игор Димитров рече дека извршителите се клучна алка во правосудниот систем, но и во економскиот систем, особено во однос на функционирањето на деловните субјекти за кои правната сигурност е од исклучиво значење. Елена Милевска-Штрбевска од Стопанската комора на Македонија рече дека постоењето на организираната Комора на извршители не е императив само за Македонија и за нејзиниот правен систем, туку е императив на секој современ правен систем, чија пак ефикасност е иманентна за работењето на компаниите.

На настанот се обратија и поранешните претседатели на Комората на извршители Горан Тошевски, Антонио Коштанов, Гордан Станковиќ, кои говореа за десетгодишниот развој на извршувањето во Република Македонија, за функционирањето на Комората на извршители и за тоа низ какви предизвици се соочувала таа во нејзиното профилирање во македонскиот правен систем и во општеството.

Во рамките на јубилејот им беа доделени плакети на извршителите кои со своето дејствување го одбележаа десетгодишниот развој и етаблирање на извршителската професија и на Комората на извршители.

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Партнерства и соработка

Јавни објави за достава

Logotype1111

2026/3258
Извршител: Славица Ацовска
Име/назив на странката: Хади Рамизи
Позната адреса: ул.183 бр.3, Тетово
Бр.на предмет: И бр.2087/2025
Рок: Во рок од 1 ден

2026/3257
Извршител: Весна Јакимовска
Име/назив на странката: ЗЗ Охридска риба Струга
Позната адреса: ул.Маршал Тито бб градско пазариште Струга
Бр.на предмет: 147/22
Рок: 1 ДЕН

2026/3256
Извршител: Мики Лазаров
Име/назив на странката: ТОТАЛ МАРКЕТИНГ СОЛУТИОН ГРУП ДООЕЛ Скопје
Позната адреса: Ул.Хераклеја бр.10 Ѓорче Петров- Скопје
Бр.на предмет: И.бр.353/2019
Рок:

2026/3255
Извршител: Благој Бањански
Име/назив на странката: Друштво за производство, трговија и услуги СТЕНАЊЕ ПРОСЕК ДОО СКОПЈЕ
Позната адреса: КЕЈ 13ТИ НОЕМВРИ бр.100, Скопје
Бр.на предмет: И.бр.2067/2025
Рок: 3 (три) дена

2026/3254
Извршител: Благој Бањански
Име/назив на странката: Матеј Петровски
Позната адреса: Кеј 13ти Ноември бр.100, Скопје
Бр.на предмет: И.бр.2067/2025
Рок: 3 (три) дена

Продажба на имот

 





НЕДВИЖЕН ИМОТ


  686/2025
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Христина Темелкова Митев
Датум продажба: 2026-02-12
 имотен лист бр.1770 при АКН Струмица,за КО ДОБРЕЈЦИ-ВОНГРАД ,Продажбата ќе се одржи на ден 12.02.2026 година во 12:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 31,258,113
Квадратура: 389
Град: Струмица


  2690/2024
Тип недвижност: Стан
Извршител: Добрин Каламатиев
Датум продажба: 2026-02-16
 имотен лист бр.55720 за КО Центар 2 ,Продажбата ќе се одржи на ден 16.02.2026 година во 12:00 часот во просториите на извршителот.
Почетна цена: 15,463,357
Квадратура: 115
Град: Скопје


  1291/2022
Тип недвижност: Земјиште
Извршител: Весна Деловска
Датум продажба: 2026-02-17
 ИЛ бр.528 КО Берово-Вонград- Почетната вредност на недвижноста е утврдена со предлог од доверителот и изнесува 13.949,00 евра во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на продажбата, како почетна цена за продажба на недвижноста, под која недвижноста не може да се продава на третото јавно наддавање.Продажбата ќе се одржи на ден 17.02.2026 година во 12:00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 0
Квадратура: 23395
Град: Берово


  4006/2024
Тип недвижност: Стан
Извршител: Весна Деловска
Датум продажба: 2026-02-17
 Недвижност запишана во ИЛ 58420 КО Берово ,во ИЛ 775 КО Берово ,во ИЛ 775 КО Берово,Почетната вредност на недвижностите е утврдена со предлог од доверителот и изнесува 141.773,00 евра во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на продажбата, како почетна цена за продажба на недвижностите, под која недвижностите не може да се продаваат на третото јавно наддавање,Продажбата ќе се одржи на ден 17.02.2026 година во 11:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 0
Квадратура: 70
Град: Берово


  420/2025
Тип недвижност: Земјиште
Извршител: Роза Родиќ
Датум продажба: 2026-02-05
 имотен лист бр. 103014 за КО РАДИШАНИ ,Почетната вредност на недвижност изнесува, 45.600,00 Евра во денарска противвредност од 2.804.400,00 денари, под која недвижноста не може да се продаде на второто јавно наддавање-Продажбата ќе се одржи на ден 05.02.2026 година во 11,30 часот во просториите на Извршителoт.
Почетна цена: 0
Квадратура: 223
Град: Скопје


ПОДВИЖЕН ИМОТ


 286/2025
Движнина: Автомобил
Извршител: Станислав Тасески
Датум на продажба: 2026-02-03
  -Патничко моторно возило – М1, Марка: AUDI, Комерцијална ознака: AUDI A6 AVANT, Број на шасија: WAUZZZ4F48N092399, Број на мотор: 120523, Година на производство: 2008г., Основна боја: 20- црна металик, Гориво: ДИЗЕЛ, Регистерска ознака: VV 1454 AB Струга,со вредност од 6.700 евра во денарска противредност од 412.050,00 ден., која вредност претставува почетна цена за првото усно јавно наддавање-Продажбата ќе се одржи на ден 03.02.2026 во 12.00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 0
Град: Охрид


 251/2023
Движнина: Автомобил
Извршител: Зорица Симиќ
Датум на продажба: 2026-01-27
  ПМВ, марка FIAT, модел PUNTO, со број на шасија ZFA18800005259389, металик сива боја, со рег.ознаки SK-228 –TP, со вредност од 600,00 ЕУР во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на продажбата, Продажбата ќе се одржи на ден 27.01.2026 година во 13:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 0
Град: Скопје


 1727/2024
Движнина: Друго
Извршител: Зорица Симиќ
Датум на продажба: 2026-01-27
  Градежна машина - булдожер-производител HSW DRESSER -тип-TD40E- фаб. бр.-4600001P000529 / вредносот 15.000 евра во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на продажбата, која вредност претставува почетна цена за првото усно јавно наддавање и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 27.01.2026 година во 11:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 0
Град: Скопје


 3052/2025
Движнина: Автомобил
Извршител: Весна Деловска
Датум на продажба: 2026-01-28
  возило марка FIAT SEICENTO 187 VAN 1.1 TNG, N1-TOVARNO BB-FURGON год.на производство 2007 бр. на шасија ZFA18700001281772, со рег. број SK-656-RN, сила на мотор 40 кw, зафатнина 1108, места за седење 2 со вредност од 800,00 Евра во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на продажбата, и други подвижни предмети, Продажбата ќе се одржи на ден 28.01.2026 година во 11:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 0
Град: Скопје


 147/2022
Движнина: Друго
Извршител: Весна Јакимовска
Датум на продажба: 2026-01-28
  плав фрижидер, греалка, и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 28.01.2026год. во 10.00 часот во просториите на извршителот.
Почетна цена: 27,550
Град: Гостивар

Обука за обучувачи (ТоТ)

1111

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header
QRCode
lupa-6

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2

bannerbg_main

usaid

Најчести прашања

prasalnik 2

26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

usaid

February 2026
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
232425262728