Archive for November 2024
Постојан совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ)
Делегација на Комората на извршители на Република Северна Македонија во состав од извршител Александар Чамовски, член на Управен одбор на КИРСМ и извршител Александар Максимовски од Скопје учествуваат на Постојан совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ) во Париз, Франција во перио од 26.11.2024 – 29.11.2024 година. повеќе...
10 години од основањето на Комората на приватни извршители на Република Косово.
Претседателот на Комората на извршители на РСМ Весна Деловска, извршител Дашмир Саити и извршител Весна Јакимовска присуствуваа на јубилејниот настан на 10-годишнината од основањето на Комората на приватни извршители на Република Косово. Во своето обраќање Претседателот Весна Деловска го честита јубилејот и ја поздрави досегашната блиска меѓународна соработка на двете Комори, ја истакна важноста на извршителската дејност со желба за продлабочување на соработката.
73 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје
На ден 8 ноември 2024 година, Претседателот на Комората на извршители на РСМ Весна Деловска присуствуваше на одбележувањето на 73 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.





















