Archive for May 2025
Пролетен совет на Меѓународната унија на судски службеници (UIHJ),
На 15 мај 2025 година, Претседателката на Комората на извршители на Република Северна Македонија, Весна Деловска, присуствуваше на Пролетниот совет на Меѓународната унија на судски службеници (UIHJ), што се одржа во Хаг, Холандија.
Во фокусот на оваа меѓународна конференција беа новите законски решенија и регулативи кои наметнуваат поголема социјална одговорност, како и потребата од интеграција на дигитални иновации во работата на извршителите.
Учество на КИРСМ на меѓународна конференција по повод 40-годишнината на CILC
На 13 мај 2025 година, Претседателката на Комората на извршители на Република Северна Македонија, Весна Деловска, присуствуваше на свечената конференција организирана по повод одбележувањето на 40 години од основањето на Центарот за меѓународна правна соработка (CILC).
Настанот, кој се одржа во знакот на четиридецениската посветеност на CILC во унапредувањето на владеењето на правото и меѓународната правна соработка, собра претставници од правосудни институции, правни експерти и партнери од повеќе земји. Присуството на КИРСМ на овој значаен јубилеј претставува потврда за континуираната соработка и заедничките заложби за јакнење на правната рамка и независноста на професијата извршител во земјата и пошироко.