
На 30 мај 2025 година, во Велес, се одржа семинар во организација на Комората на извршители на Република Северна Македонија. Темите беа посветени на прашања поврзани со стечајот, одговорноста на управителите и основачите на Трговските друштва и практични аспекти од извршувањето. Настанот вклучи излагања од стечајни управници и универзитетски професори, како и дискусија со извршителите, со цел унапредување на професионалната практика.