Потпишување на меморандум за соработка
Претседателот на Комората на извршители на Република Македонија Зоран Петрески и Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска денеска потпишаа меморандум за соработка.
Потпишувањето на меморандумот е резултат на потребите од заеднички настап на двете институции во нивното работење кое ги допира правните области кои се од заеднички интерес за судството и извршителите, особено во делот на извршувањето на судските пресуди.
Академијата и Комората за наредните две години, како што истакна Арнаудовска, ќе ги прецизираат темите на обуките, како детектирани области каде што се појавуваат проблеми во постапувањето на судот со цел, како што додаде, за воедначување на судската пракса и тоа првенствено во однос на надлежностите на претседателите на судовите кои ја вршат контролата на законитоста на постапувањетo на извршителите.