Донација за штитениците на ЈУ Специјален завод – Демир Капија
Комора на извршители на Република Македонија по повод новогодишните и божикните празници донираше гарнитури за седење за штитениците на ЈУ Специјален завод – Демир Капија
– Нашето мото е секогаш кога имаме можност да помагаме и токму во таа насока е и нашата одлука по повод новогодишните и божикните празници да ги израдуваме со пригодна донација штитениците на ЈУ Специјален завод – Демир Капија, се вели во денешното соопштение од Комората на извршители на РМ.
Сакајќи да им создадеме подобри услови за престој во Заводот, а по насока на првите луѓе на институцијата, како што е наведено во соопштението, дневниот престој ќе биде опремен со три гарнитури за седење, каде што штитениците ќе може да поминуваат пријатни мигови.
На овој начин, велат од Комората, „покажеме дека бевме и ќе бидеме и натаму општествено одговорна организација, бидејќи она што за нас можеби значи малку за други значи внимание и мигови исполнети со среќа“.


















