ТРКАЛЕЗНА МАСА: “Судска заштита против неправилности при извршувањето”
Судска заштита против неправилностите при извршувањето“ беше темата на тркалезната маса што се одржа на 13 март во Штип, во организација на Комората на извршители на Република Македонија (КИРМ) во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители. На настанот учествуваа извршители, судии и претседателите на судови.
Претседателот на Комората на извршители, Зоран Петрески, истакна дека станува збор за тема што е мошне значајна за граѓаните, но и за извршителите и за претседателите на судовите кои постапуваат по приговорите во текот на извршувањето истовремено и по жалбите до Апелација.