СОВЕТУВАЊЕ на тема: Применa на Зaкон за извршувaње и судски постапки кои произлегуваат од овој Закон
Согласно меморандумот за соработка помеѓу Комората на извршители на РМ и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев„ и Kаталогот за задолжителна континуирана обука за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев„ се организираше советување на тема: „Примена на Закон за извршување и судски постапки кои произлегуваат од овој Закон“ што се одржи на 25 јуни 2015 година (четврток), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето беше наменето за Претседатели на судови и судски соработници кои работат на оваа материја, од сите апелациони подрачја како и за извршители од Комора на извршители на РМ.
Во рамките на советувањето свое излагање имаа судија Лиле Наумовска, Апелационен суд Битола иизвршител Весна Деловска, Комора на извршители на Република Македонија.
Темите кои беа опфатени во рамките на Советувањето се следните:
- Примена на Законот за извршување и судски постапки кои произлегуваат од овој Закон
- Практични примери на приговори и одлуки како и тужби и одлуки по тужби

















