За првпат жена на чело на Меѓународната унија на судски извршители
За првпат во историјата на Меѓународната унија на судски извршители, жена ја презема претседателската функција. Françoise Andrieux, судски извршител од Франција и генерален секретар на Унијата во рамки на Меѓународниот конгрес на судските извршители што се одржа во Мадрид, Шпанија, беше едногласно избрана за 10-ти претседател на организацијата.
Andrieux истакна дека нејзината функција ќе ја врши совесно и во согласност со надлежностите, како и нејзините претходници Baudouin Gielen, Jacques Isnard и Leo Netten.
„Унијата треба секогаш да работи во насока на подигнување и унапредување на професијата и да ги брани нејзините интереси во согласност со целите утврдени во статутот“, рече новоименувата претседателка.
Andrieux во своето обраќање се осврна на активности на Унијата спроведени во минатото, сегашноста, како и предизвиците кои ги носи иднината.
„.Само заедно и обединети можеме да го создадеме најдоброто од нашата професија. Само заедно и обединети можеме да се движиме напред кон создавање почит кон нашата професија и кон нејзиното признавање“, порача таа.
Françoise Andrieux работи како судски извршител во Франција од 1993 година. Таа беше генерален скретар на Унијата од 2009 година. Доаѓа на местотото Leo Netten, кој престседателската фунција ја вршеше два мандати.

















