Известување
Комората на извршители на РМ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на РМ “Павел Шатев” на ден 02.10.2015 година во Гостивар, организираа тркалезна маса на тема “Судска заштита против неправилности при извршувањето„ на која модератори беа г-дин Михајло Маневски, Министер за правда во пензија и судија Василка Маринковиќ од Основен суд Тетово.
На тркалезната маса покрај извршителите од Апелационото подрачје Гостивар, присуствуваа и претставници на Судскиот совет на РМ, Претседатели на Основниот суд Тетово, Основниот суд Гостивар, Основниот суд Дебар и Основниот суд Кичево.

















