Владата на РМ на 126-та седница го усвои Акциониот план за афирмација на должноста извршител
19.03.2013 година
Владата на РМ на 126-та седница го усвои Акциониот план за афирмација на должноста извршител, во кој свои обврски со временски рокови покарај Министерството за правда има и Комората на извршители.
Првата активност од овој Акционен план беше тркалезната маса која се реализираше во март 2013 воДржавниот универзитет во Тетово на која присуствуваше Министерот за правда и Претседателот на Комората на извршители на РМ .
Во моментот е во тек реализирање на втората активност од Акциониот план а тоа е организирање на практична работа на дипломирани правници – кандидати за полагање на испитот за извршители во извршителските канцеларии во периодот од април до декември 2013 година.
Комората на извршители на Република Македонија, ќе врши евидентирање и распоредување на пријавените кандидати по извршители согласно листата на извршители кои се согласни да примаат на пракса дипломираниправници.
Соопштението за оваа активност е објавено на веб локациите на Комората на извршители и на Министерството за правда.