Претседателот на Комората на извршители на Република Македонија г-дин Зоран Димов и членот на Управен одбор на КИРМ г-дин Владе Милевски, во период од 10 до 13 октомври 2018 година во Сочи, Русија учествуваа на IX Меѓународна теоретска и практична конференција за прашања од извршување на судските акти и актите на други органи -“Државни и приватни системи за извршување: компаративна анализа и најдобри практики”. Покрај македонската делегација на Конференцијата учествуваа и г-дин Марк Шмиц Претседател на Меѓународната унија на судски извршители и делегации од членките на МУСИ.