Претседателот на Комората на извршители на РМ Зоран Димов учествуваше во одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда
Во организација на Основниот суд Скопје 2 Скопје се одржа настан по повод Европскиот ден на граѓанска правда, во рамки на кој Претседателот на Комората имаше обраќање со кое истакна дека како резултат на постоењето на извршителите во РМ, свесноста на граѓаните за доброволно плаќање на своите обврски значително се зголеми а за тоа говори и фактот што, согласно податоци прибавени за потребите на Коморатадавателите на комунални услуги, издаваат годишно околу 15 милиони сметки од кои во годината со најголем број на барања за извршување од овој тип имало 120.000 вакви предмети што претставува помалку од 1 % сметки кои стасуваат до фазата на присилно извршување. За пример , во оваа година, во изминатите 9 месеци само 10.397 барања за извршувања по основ на комунални долгови се поднесени до извршителите во РМ, односно предмети против физички лица за овој период има вкупно 70.895 што јасно говори за степенот на финансиската дисциплина на граѓаните во РМ.
Законот за извршување обезбедува заштита на странките, учесниците во постапката за извршување и нивните семејства, и тоа го прави во членот 5, каде се вели дека Извршувањето заради остварување на парично побарување не може да се спроведe врз предмети или врз права кои се нужно непходни за задоволување на основните животни потреби на должникот и на лицата кои тој според закон е должен да ги издржува, или за вршење на самостојна дејност која е должников главен извор на средствата за живот. Претседателот подвлече дека најдобар начин на извршување е доброволното извршување со кое се избегнува системот на присилно извршување и креирање на нови трошоци за граѓаните.
фото извор: MИА



















