Собрание

Собранието на Комората го сочинуваат сите извршители и заменици на извршители на територијата на Република Македонија.

Собранието на Комората ги штити угледот и честа на вршењето на должноста и се грижи извршителите да ги вршат своите овластувања совесно и во согласност со закон.

Собранието на Комората:
а) донесува Статут и други акти на Комората;
б) избира членови на Управниот одбор, претседател на Комората и членови на другите органи на Комората, ако со овој закон или со Статутот на Комората поинаку не е определено;
в) ја донесува тарифата за награда на извршителите по претходна согласност на министерот за правда и ја утврдува и предлогот на програмата за континуирана едукација на извршителите кои му ги предлага на министерот за правда на усвојување;
г) разгледува предлози, барања и препораки за успешно работење на извршителите;
д) ги усвојува годишната сметка за изминатата година и предлогот на пресметката за наредната година, го разгледува и усвојува извештајот за севкупните активности, подготвен од претседателот на Комората;
ѓ) одлучува за висината на членарината и начинот на нејзиното плаќање;
е) одлучува за употребата на паричните казни согласно со одредбите на овој закон и
ж) одлучува за сите други прашања предвидени со овој закон и Статутот на Комората.

(2) Собранието на Комората се состанува редовно еднаш годишно и тоа во првата недела на месец февруари. На седницата е потребно присуство од најмалку половина од вкупниот број извршители, а одлучува со мнозинство од присутните.

(3) На редовната годишна седница Собранието на Комората одлучува за годишната сметка и за предлогот на пресметката за наредната година и го разгледува и усвојува извештајот за севкупните активности на извршителите.

(4) Вонредна седница на Собранието на Комората може да свика претседателот на Комората, а врз основа на одлука на Управниот одбор или по писмено барање од најмалку 30 члена на Комората. Ако претседателот не ја свика седницата во рок од еден месец од денот на донесувањето на одлуката на Управниот одбор, односно поднесувањето на барањето од членовите на Комората, седницата ќе ја свика членот на Управниот одбор одреден од овој орган, односно членовите на Комората кои го поднеле барањето.

(5) Членовите на Управниот одбор, претседателот на Комората и на другите органи се избираат за време од две години.

 

Собранието е највисок орган на Комората.

Собранието на Комората го сочинуваат сите извршители и заменици на извршители на територијата на Република Македонија.

Собранието на Комората се одржува редовно еднаш годишно и тоа во првата недела од месец февруари. Собранието може по потреба да одржи и вонредна седница.

Собранието на Комората :

  •  донесува Статут на Комората;
  •  донесува Кодекс на професионалната етика на извршителите;
  •  донесува Правилник за дисциплинска одговорност и водење на дисциплинска постапка;
  •  донесува Одлуки, заклучоци и препораки;
  •  избира Претседател на Комората;
  •  избира членови на Управниот одбор;
  •  избира членови на Дисциплинската комисија;
  •  избира Надзорен одбор;
  •  избира и други комисии и работни тела на Комората (постојани или времени);
  •  утврдува начин на комуникација со државните органи, банките, јавните претпријатија и други субјекти при прибирање на податоци за должникот;
  •  дава мислење до Министерот за Правда за предлог за тарифата;
  •  утврдува предлог за континуирана едукација на извршителите која му ја предлага на Министерот за правда на усвојување;
  •  разгледува предлози, барања и препораки за успешно работење на Комората и извршителите;
  •  утврдува форма и начин на впишување во уписниците кои ги водат извршителите;
  •  ги усвојува годишната сметка за изминатата година и предлогот на пресметката за наредната година, го разгледува и усвојува извештајот за севкупните активности, подготвен од претседателот на Комората;
  •  утврдува форма на печатот и штембилот на извршителот и начинот на нивна употреба;
  •  утврдува форма на таблата за означување на службената просторија на извршителот, формата, бројот и оддалеченоста на патоказите кои упатуваат кон службената просторија на извршителот;
  •  одлучува за висината на членарината и начинот на нејзиното плаќање;
  •  одлучува за употребата на средствата добиени од наплата на паричните казни;
  •  доделува Плакета за успешно извршување на извршителската дејност и Плакета за особени заслуги, по предлог на Управниот одбор и
  •  одлучува за сите други прашања предвидени со закон и Статутот на Комората.

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Партнерства и соработка

Јавни објави за достава

Logotype1111

2024/2344
Извршител: Премтим Ќерими
Име/назив на странката: Егзон Саити
Позната адреса: с.Оризари, Куманово,Р.С.Македонија
Бр.на предмет: И.бр. 1283/22
Рок: 1 (еден) ден

2024/2343
Извршител: Премтим Ќерими
Име/назив на странката: Куштрим Саити -законски наследник на солидарни должници Дрита Саити и Ваит Саити
Позната адреса: ул. Боро Прцан бр.43-А,Куманово , Р.С.Македонија
Бр.на предмет: И.бр. 1283/22
Рок: 1 (еден) ден

2024/2342
Извршител: Премтим Ќерими
Име/назив на странката: Блерим Саити - законски наследник на солидарни должници Дрита Саити и Ваит Саити
Позната адреса: ул. Лазо Мицков бр.2/5-5, Скопје, Р.С.Македонија
Бр.на предмет: И.бр. 1283/22
Рок: 1 (еден) ден

2024/2341
Извршител: Премтим Ќерими
Име/назив на странката: Арктим Саити -законски наследник на солидарни должници Дрита Саити и Ваит Саити
Позната адреса: с. Оризаре , Куманово , Р.С.Македонија
Бр.на предмет: И.бр. 1283/22
Рок: 1 (еден) ден

2024/2340
Извршител: Премтим Ќерими
Име/назив на странката: ДПСОУТУ КОЖАРА МЕНД експорт-импорт ДООЕЛ Куманово - преку законски наследници Арктик Саити, Блерим Саити и Куштрим Саити
Позната адреса: ул. 11-ти Ноември бр.282, Куманово , Р.С.Македонија
Бр.на предмет: И.бр. 1283/22
Рок: 1 (еден) ден

Продажба на имот

 





НЕДВИЖЕН ИМОТ


  171/2016
Тип недвижност: Земјиште
Извршител: Маја Гркова Караколева
Датум продажба: 2024-05-27
 Имотен лист бр.30117 за КО Велес-Почетната вредност на недвижноста изнесува 9.854,00 евра во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на продажбата-Продажбата ќе се одржи на ден 27.05.2024 година во 11.00 часот во просториите на извршителот.

Почетна цена: 0
Квадратура: 4556
Град: Велес


  567/2022
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Александар Чамовски
Датум продажба: 2024-05-23
 имотен лист бр.13900 КО Струмица-згради во останато стопанство - Продажбата ќе се одржи на ден 23.05.2024 година, во 13,30 часот во просториите на Извршител Саветка Георгиева од Струмица, ул.Ленинова ГТЦ бр.14/1-13. Постапува Заменик Извршителот Александар Чамовски од Струмица на Извршител Саветка Георгиева од Струмица.
Почетна цена: 743,537
Квадратура: 15
Град: Струмица


  2616/2023
Тип недвижност: Стан
Извршител: Лазар Петровски
Датум продажба: 2024-05-29
 1/2 идеален дел Имотен Лист 37065 за КО- ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 3 - ДЕКСИОН -Продажбата ќе се одржи на ден 29.05.2024 година во 12:00 часот во просториите на Извршителот -
Почетна цена: 10,006,908
Квадратура: 83
Град: Скопје


  221/2023
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Александар Чамовски
Датум продажба: 2024-05-23
 Продажбата ќе се одржи на ден 23.05.2024 година, во 11,30 часот, во просториите на Извршител Саветка Георгиева од Струмица, ул.Ленинова ГТЦ бр.14/1-13. Постапува Заменик Извршителот Александар Чамовски од Струмица на Извршител Саветка Георгиева од Струмица
Почетна цена: 9,364,456
Квадратура: 2500
Град: Струмица


  740/2021
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Александар Кузмановски
Датум продажба: 2024-05-30
 ИЛ.55917 за КО Кичево 8 -Продажбата ќе се одржи на ден 30.05.2024 година во 11 часот во просториите на Извршителoт.
Почетна цена: 316,042
Квадратура: 127
Град: Кичево


ПОДВИЖЕН ИМОТ


 474/2024
Движнина: Друго
Извршител: Александар Чамовски
Датум на продажба: 2024-05-23
  -Опрема за снабдување со електрична енергија составена од високонапонски дел, ниско напонски дел, енергетски трансформатор, склопки и разделници, Производител/изведувач: ЕМО Охрид, Тип/модел:ETN 250-12 10/0,4 kV;Моќност:250 kVA, Фабрички број:10433, Доказ за сопственост:Пописна листа и сопственичка изјава-Напреднаведената опрема-трафостаница се продава заедно во целина со недвижноста на КП.бр.1372 КО Турново запишана во имотен лист бр.629 КО ТУРНОВО при АКН-одделение за катастар Струмица, закажана за истиот ден, во 11,30 часот кај Заменик Извршител Александар Чамовски од Струмица на Извршител Саветка Георгиева од Струмица заведен под И.бр.221/2023.Продажбата ќе се одржи на ден 23.05.2024 година во 12,30 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 393,600
Град: Струмица


 614/2023
Движнина: Слики
Извршител: Александар Чамовски
Датум на продажба: 2024-05-21
  ТМВ марка MAN TGA, со регистерски број SR-0135-AB, произведено 2005 година, број на шасија WMAH10ZZ85M418360 број на мотор 50509852150988, регистрирано до 22.08.2023година и други подвижни предмети - Продажбата ќе се одржи на ден 21.05.2024 година во 12,00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 788,207
Град: Струмица


 780/2023
Движнина: Друго
Извршител: Емилија Павловска
Датум на продажба: 2024-05-16
  Колска вага (Libela),производство 1978, количина 1-Мазутара од 2 вкопани резервоари (2Х100см3), производство 1976, количина 1, и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 16.05.2024 година во 12.00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 295,200
Град: Штип


 444/11
Движнина: Друго
Извршител: Петре Темелков
Датум на продажба: 2024-05-16
  Дупликатор за припрема на сирупи,производител Прва Искра Бариќ тип:1м3,фабрички број 15576,година на производство 1987 и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 16.05.2024година во 12,00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 325,200
Град: Радовиш


 1164/2021
Движнина: Друго
Извршител: Гордана Џутеска
Датум на продажба: 2024-05-31
  -Работна машина подвижна дробилка со гасеници производител METSO LOCOTRAC, модел LT 1213, сериски број 74893 година на производство 2008 година, тежина 41500 кг. сила на опрема 415 к.сили, исправна состојба и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 31.05.2024 година во 10.00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 5,674,407
Град: Охрид

Обука за обучувачи (ТоТ)

1111

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header
QRCode
lupa-6

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2

bannerbg_main

usaid

Најчести прашања

prasalnik 2

26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

usaid

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
May 2024
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031