Известување
Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16, 233/18 и 14/20) го објавува следното известување.
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Златко Пејовски од Скопје дека предметите ги презема извршител Благоја Бакрачевски, именуван со Решение на Министерство за правда бр. 09-2449/1 од 25.08.2022 година. Извршител Благоја Бакрачевски започна со работа на ден 14.10.2022 година на адреса ул.Ленинова бр.17 згр.1/влез 1 кат 2 бр.4 Скопје.