И З В Е С Т У В А Њ Е
Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16, 233/18, 14/20 и 154/23) го објавува следното известување,
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предмет/ти кои се водеа во канцеларијата на извршител Драган Кочовски од Велес дека предметите ги презеде извршител Ангел Костадиновски од Кавадарци со седиште на ул. Шишка бр.2 локал 1 во Кавадарци, определена со Решение на Министерство за правда на РСМ бр.09-1566/1 од 16.05.2024 година
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Претседател Весна Деловска