Средба со Министерот за правда
Претставници од Центарот за меѓународна правна соработка за Проектот ,,Зајакнување на извршувањето во земјите од Западен Балкан”остварија средба со Министерот за правда Игор Филков. На средбата беше презентиранa финансиска анализа на работењето на извршителите во Република Северна Македонија за периодот од 2014-2022 година. Проектот е фокусиран на унапредување на механизмите за мониторинг и контрола над работата на извршителите од страна на министерствата за правда од земјите од регионот, унапредување на работата на Коморите на извршителите и зајакнување на прекуграничната соработка во извршувањето.
Извoр: Министерство за правдa