Mеѓународната конференција на тема „Вештачка интелигенција, дигитални алатки и предизвици во извршувањето на обврските за издршка“
На 11 јуни 2025 година, во Алмати, Република Казахстан, се одржа меѓународната конференција на тема „Вештачка интелигенција, дигитални алатки и предизвици во извршувањето на обврските за издршка“. Настанот собра експерти и носители на одлуки од различни земји, со цел размена на искуства и идеи за модернизација на извршната постапка преку примена на нови технологии и зајакнување на механизмите за наплата на издршка.
Весна Деловска, Претседател на Комората на извршители на Северна Македонија, беше панелист во сесијата „Меѓународна практика во извршувањето на издршката“, која се одржа во рамки на вториот дел од конференцијата, посветен на прашањата поврзани со наплатата на издршката.
На конференцијата учествуваа претставници од UIHJ (Меѓународна унија на извршители), Европската комисија за ефикасност на правдата, Хашката конференција за меѓународно приватно право, како и претставници од судството, министерствата за правда и приватните и државни извршни институции од над 15 земји.
Учеството на Весна Деловска претставува значајно признание за улогата на Комората на извршители на Северна Македонија во меѓународниот дијалог за правната и технолошката иднина на извршувањето.