Вести
Информација за јавноста
Советување на 23.12.2014 година во организација на Здружението на правниците на РМ
Советување на 23.12.2014 година во организација на Здружението на правниците на РМ на тема-Претпоставки за ефективно оданочување на авторските договори, договорите за вршење на повремени работи и за оданочување на добивка“….посебен фокус на регулативата која ќе почне да се применува од 1.1.2015 година повеќе...
Над 100 кривични пријави поднесени против извршителите во период од 7 години
извор. Академик
Заклучно со 2013-та, против извршителите биле поднесени околу 106 кривични пријави. Најголем број од нив, околу 95 отсто, обвинителствата ги отфрлиле како неосновани. Причините за посегнување кон пријави најчесто треба да се бараат во природата на работата на извршителите, посебно во овој временски период кога има наплив на огромен број извршни предмети од судовите, истакнаа учесниците на Тркалезната маса посветена на кривично-правниот аспект во постапката на извршување што во организација на Комората на извршители на РМ и на Академијата за судии и јавни обвинители. повеќе...
Одржана регионална тркалезна маса во Гостивар
На ден 31.10.2014 година во салата на советот на општината Гостивар, се одржа регионална тркалезна маса на тема „ Опсег и правни последици од примена на Кривичниот законик за кривични дела сторени при спроведување на извршувањето од страна на извршителот односно сторени од страна на странките и учесниците во извршувањето „. Повеќе…
Првите решенија за отпис на долгови на граѓани од ранливи категории доделени во Велес
Mинистерoт за финансии, Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, во Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Велес, ги доделија првите решенија за отпис на долгови на граѓани oд ранливи категории. Повеќе…
Еднодневно советување на тема „ЗАДОЛЖИТЕЛНОСТА НА ЗАДОЛЖНИЦАТА”
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ЕДНОДНЕВНО СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА „ЗАДОЛЖИТЕЛНОСТА НА ЗАДОЛЖНИЦАТА ОД 1.1.2015 – ДИЛЕМИ И ПРЕПОРАКИ“ ЗАКАЖАНА ЗА 11.11.2014 година во хотел Холидеј Ин.
Известување
На 17.10.2014 претседателот на Комората на извршители на РМ, Зоран Петрески, присуствуваше на свечена академија организирана од Нотарската комора на на РМ (НКРМ) по повод одржувањето на нотарските денови.
На настанот се обрати министерот за правда Аднан Јашари кој порача дека нотаријатот е еден битните чинители кој придонесе за поефикасно функционирање на правниот систем во Македонија. повеќе...
Се продлабочува соработката меѓу македонската и албанската Комора на извршители

Делегација на Комората на извршители на РМ на покана на Комората на извршители
на Република Албанија на 10.10.2014 присуствуваше на одбележување на
четиригодишнината од основањето на албанската Комората на извршители.
повеќе...
Вонредна седница на Собранието на Комората на извршителите и Семинар на извршителите
Од 03 до 05 oктомври 2014 година, во Струга во хотел “Дрим“се одржа вонредна седница на Собранието на Комората на извршителите и Семинар на извршителите на Република Македонија. Во рамки на семинарот Министерот за правда г-дин d-r Adnan Jashari одржа поздравен говор во кој ја истакна поддршката на Министерството за правда на извршителите. Во рамкинасеминарот свое излагање имаше професор д-р Арсен Јаневски од правниот факултет ”Јустинијан први”,г-дин Димитар Ѓеорѓиевски Директор на Дирекцијата за заштита на личните податoци, г-ѓа Славица Богоева Директорот на Македонско кредитно биро како и претставници на Управата за јавни приходи.На семинарот беше присутна и делегација на Комората на извршители на Република Албанија. Повеќе фотографии
200.000 ЕВРА ЗА ПЕНЗИСКО ЗАГЛАВЕНИ КАЈ ИЗВРШИТЕЛИТЕ
(извор Вест)
ПОРАДИ БИРОКРАТСКИ ПРЕЧКИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРОВЕДАТ СУДСКИ ОДЛУКИ ЗА 155 РАБОТНИЦИ
200.000 ЕВРА ЗА ПЕНЗИСКО ЗАГЛАВЕНИ КАЈ ИЗВРШИТЕЛИТЕ
Извршителите не смеат парите да им ги дадат во кеш на оштетените оти мора да одат директно во државните фондови, а од Управата за јавни приходи објаснуваат дека не можат да примат уплата само за еден придонес, зашто од 2009 година во сила е бруто-платата, што подразбира уплата на сите придонеси заедно повеќе...
Учество на промоција
Извршителот Александар Пулејков на ден 26.09.2014 година учествуваше на промоција на третиот том од публикацијата “Меѓународни документи за независно и ефикасно судство” која беше во организација на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев. Презентација на публикацијата “Меѓународни документи за независно и ефикасно судство”
Одржана регионална тркалезна маса во Штип
На ден 26.09.2014 година во хотел ”Оаза” во Штип се одржа регионална тркалезна маса на тема „ Опсег и правни последици од примена на Кривичниот законик за кривични дела сторени при спроведување на извршувањето од страна на извршителот односно сторени од страна на странките и учесниците во извршувањето „. повеќе...
Известување
Се известуваат сите заинтересирани дека писмениот и усниот дел од испитот за
извршители од септемвриска испитна сесија ќе се одржи на 29 септември
(понеделник) 2014 година со почеток во 9:30 часот писмениот дел и 13:00 часот усниот
дел, во просториите на Апелациониот суд во Скопје (во салата за колегиум).
Потпишување на меморандум за соработка
Претседателот на Комората на извршители на Република Македонија Зоран Петрески и Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска денеска потпишаа меморандум за соработка. повеќе...
Јавен Оглас за прием на волонтер на определено време
Врз основа на член 3 од Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Комората на извршители на Република Македонија и Одлуката на Управен одбор на Комората на извршители на Република Македонија на 107-та седница, се објавува
Јавен Оглас
За прием на волонтер на определено време (6 месеци) повеќе...
Зајакнување на финасиската дисциплина е клучна придобивка од воведувањето на извршителската професија во Србија — Александра Трешњев, претседател на Комората на извршители на РС
Извор-Академик
Од 1 септември годинава на должност во Србија стапија нотарите. Пред две години, пак, своите места во српскиот правосуден систем ги зазедоа приватните извршители. Воведувањето на овие нови професии има за цел изградба на современ и ефикасен правен систем. Зајакнувањето на финасиската дисциплина е основна придобивка од работењето на приватните извршители, вели Александра Трешњев, претседател на српската Комората на извршители. Таа во интервјуто за АКАДЕМИК говори за предизвиците со кои се соочува оваа млада професија во Србија. повеќе...
























