Комората на извршители на РМ одбележува јубилеј – осум години од своето основање.
Почитувани,
Денес, Комората на извршители на РМ одбележува јубилеј – осум години од своето основање.
Пред осум години на 07 јуни 2006 година се одржа Основачкото Собрание на Комората на извршители на РМ. При основањето бројот на именувани извршители изнесуваше 40, а моментално во Комората на извршители членуваат 99 извршители и 12 заменици на извршители кои со својот труд и посветеност, успејаа да допринесат денешниот јубилеј да биде прослава на владеењето на правото.
Со гордост можам да констатирам дека во текот на овие осум години создадовме независна професија и поминавме низ различни предизвици со цел спроведување на една голема суштинска реформа во правосудниот систем на Република Македонија – приватно извршување на извршни исправи од страна на извршители како лица со јавни овластувања определени со закон и именувани од страна на министерот за правда.
Истакнувам голема благодарност до сите членови на Комората на извршители на РМ, до Министерството за правда, до нашите пријатели УСАИД Проектот за модернизација на судството и ГИЗ Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа –правна реформа, и до целата правна фела во Република Македонија за подршката кон Комората во изминатите години.
Комората на извршители на РМ успешно си ја исполнува својата основна функција на штитење на угледот и честа на извшителите и на овој јубилеј би сакал да Ве повикам сите да се вложиме со свои идеи и инцијативност и заеднички да придонесеме за уште понапредна, поуспешна и посилна Комора во иднина.
Нека ни е честит јубилејот.
Гордан Станковиќ,
Претседател на КИРМ

















