Информации за нови извршители

ИНФОРМАЦИИ ЗА НОВОИМЕНУВАНИ ИЗВРШИТЕЛИ

 

По именување од страна Министерот за правда и по добивање на Повелба за именување, новоименуваниот извршител согласно член 35 став 3 од ЗИ во рок од три дена од денот на предавањето на повелбата, потребно е во Комората на извршители да поднесе:

 

  1. Склучен договор за осигурување од одговорност за штета сторена на трети лица;
  2. Барање до Претседателот на КИРСМ, за изготвување мислење за утврдување на просторни услови согласно Правилникот за видот на опремата и просторот потребни за вршење на извршни работи, превземи тука :
  3. Барање до Претседателот на КИРСМ, за донесување на решение за определување на ден за отпочнување со работа како извршители согласно член 35 став 5 од ЗИ;
  4. Барање до Претседателот на КИРСМ, за одобрување и заверка на отисоци од печат, штембил и пломба, согласно член 36 став 2 од ЗИ;
  5. Барање за упис во Именикот на извршители на РСМ;
  6. Пополнета пријава за обезбедување на податоци преку едношалтерски систем до Централен регистар (Образец ПЕ) превземи тука:  Образец ПЕ

Забелешка :

–       Пријавата на страна 1 ја потпишува Претседателот на КИРСМ како овластено лице на Основниот Регистар, на страна 2 се потпишува извршителот.

–       Идентификациониот број  го добивате во КИРСМ како Основен Регистар

7. Образец заверен потпис –ЗП заверен на нотар;

превземи тука: Образец заверен потпис ЗП

8. Решение за именување на извршител–заверено на нотар;

9.Повелба за именување на извршител –заверена на нотар;

10. Копија од лична карта на извршител;

11.  Известување за е-маил адреса и телефонски броеви за контакт и банка депонент за посебната сметка на извршителот.

 

Потребни податоци за упис во електронски Именик на извршители на  КИРСМ  :

  1. Решение од Централен регистар на РСМ
  2. Број на посебна сметка на извршител и депонент банка
  3. Обрасци  М1 и М2 -копија
  4.  Е-маил адреса на извршител

 

Потребни податоци за Книгата за депонирање на потпис, печат, штембил и пломба , согласно член 36 став 2 од ЗИ и Праилникот за формата и содржината на таблата за означување на службената просторија на извршителот, печат, штембил, пломба, потпис, дигитален сертификат на извршителот и заменикот и начин на нивно користење :

 

  1.  Потпис, печат, штембил и пломба на извршител

Во случај на губење на печатот или штембилот извршителот е должен веднаш по електронски и писмен пат да извести судот на чие подрачје е неговото седиште и Комората согласно чл. 36 ст. 8 од Законот за извршување.

 

Забелешка: Објавата на Решението за определување на денот за почеток со работа во Службен весник на РСМ  ја врши Комората на извршители согласно чл.35 ст.5 од ЗИ.

 

За новоименуваниот извршител кој го продолжува извршувањето на предметите на извршителот чија должност престанала, согласно член 74 став 2: Комората ќе објави известување во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во два дневни весници, од кои што едниот на службен јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, на кои што македонскиот јазик и кирилско писмо не им е мајчин јазик, кој извршител ги презема предметите од извршителот чија должност престанала.

 

Барањето за упис во Централниот регистар се доставува преку Комората на извршители на РСМ.

 

Легитимацијата на извршителот ја издава Министерство за правда до каде што се поднесува барање за издавање на легитимација согласно чл.37 од ЗИ и

Правилникот за формата и содржината на легитимацијата на извршителот и на заменикот на извршител, начин на нејзиното издавање, одземање и поништување, превземи тука:

Pravilnik za2 formata i sodrzinata na legitimacijata izvrsitelot sl.v.br.226.16

 

 

Корисни Информации:

–       Уписнина во КИРСМ изнесува 12.500,00 денари

–       Месечната членарина изнесува 6.000 денари

–       Кварталниот извештај за работата на извршителот ,се пополнува на образец, се доставува 4 пати во годината, во електронска форма до Министерство за правда  на е-маил: sektor.nim@justice.gov.mk и до Комората на извршители на е-маил: izvestaj@kirm.mk во рок од 10 дена по истекот на кварталот, определено со член 56 ст.1 од ЗИ и Правилник за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот.

–       Образецот од кварталиниот извештај е составен дел од Правилникот за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот објавен на сајтот на Комората http://kirm.mk/?page_id=39

 

–       Согласно член 49 став 1 од ЗИ: Секој извршител има обврска да достави предлог до за именување на заменик на извршител во рок од 30 дена од денот на започнување со работа.

–       Согласно член 50 став 6 од ЗИ: Извршителот е должен, истовремено со именувањето на неговиот заменик-извршител, да му издаде овластување на заменикот да располага со редовната и посебна сметка.

–       Согласно член 36 став 4 од ЗИ: Извршителот е должен да обезбеди дигитален сертификат издаден од овластен издавач на сертификати (електронски потпис) веднаш по давањето на свечената изјава.

–       Согласно член 36 став 10 од ЗИ: Извршителот пред започнувањето со работа е должен да се поврзе електронски со Агенцијата за катастар на недвижности, Клириншките куќи, банките, Централниот регистар, Управата за водење на матични книги, Министерството за внатрешни работи и за конкретен предмет по електронски пат да ги доставува налозите, записниците, заклучоците, и другите документи кои произлегуваат од вршењето на неговата работа.

–       Согласно член 35 став 12 од ЗИ: Именуваниот извршител е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на именувањето, да пополни анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост, или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки. Анкетниот лист се доставува до Државната комисија за спречување на корупција и Управата за јавни приходи. Превземи Образец тука :

https://dksk.mk/647-2/

 

–       Извршителот согласно член 178 став(2) од ЗИ има обврска Заклучокот за продажба со усно јавно наддавање да се објавуви во најмалку еден дневен весник кој излегува на целата територија на Република Македонија и електронски на веб страницата на Комората. Огласот кој треба да се објави на веб страната на КИРМ се доставува до Комората на е-маилот: oglasi@kirm.mk

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Партнерства и соработка

Јавни објави за достава

Logotype1111

Продажба на имот

 





НЕДВИЖЕН ИМОТ


  441/2023
Тип недвижност: Земјиште
Извршител: Слободанка Колоска
Датум продажба: 2026-01-12
 Имотен лист бр.1257 за КО Оровник при АКН-ОКН Охрид ,Продажбата ќе се одржи на ден 12.01.2026 година во 11:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 205,720
Квадратура: 278
Град: Охрид


  282/2025
Тип недвижност: Куќа
Извршител: Васко Блажевски
Датум продажба: 2025-12-30
 имотен лист бр.743 КО Волково,почетна цена за првото усно јавно наддавање во износ од 73.561,00 евра во денарска противвредност сметано по среден курс на НБРСМ на денот на продажбата, Продажбата ќе се одржи на ден 30.12.2025 година (вторник) во 12:00 часот во просториите на извршителот.
Почетна цена: 0
Квадратура: 51
Град: Скопје


  377/2025
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Ангел Костадиновски
Датум продажба: 2025-12-30
 ИМОТЕН ЛИСТ број 346, Катастарска Општина КАВАДАРЦИ , и друг недвижен имот-Продажбата ќе се одржи на ден 30.12.2025 година во 12:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 5,977,889
Квадратура: 98
Град: Кавадарци


  2087/2025
Тип недвижност: Стан
Извршител: Славица Ацовска
Датум продажба: 2025-12-30
 во ИЛ бр.101892 КО ТЕТОВО 3 ,Продажбата ќе се одржи на ден 30.12.2025 година (вторник) во 10:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 3,600,394
Квадратура: 61
Град: Тетово


  2316/2023
Тип недвижност: Земјиште
Извршител: Васко Блажевски
Датум продажба: 2025-12-29
 Имотен лист број 610 КО Кондово-Вонград -АКН Скопје,почетна цена за првото усно јавно наддавање во износ од 12.472,00 евра во денарска противвредност сметано по среден курс на НБРСМ на денот на продажбата, и друг недвижен имот,Продажбата ќе се одржи на ден 29.12.2025 година (понеделник) во 14:00 часот во просториите на извршителот.
Почетна цена: 0
Квадратура: 1603
Град: Скопје


ПОДВИЖЕН ИМОТ


 1285/2024
Движнина: Друго
Извршител: Благој Бањански
Датум на продажба: 2025-12-25
  - нафтен дериват Дизел во количина од 27.000 литри согласно мерниот систем (Сонда) VEDER TLS4,
- нафтен дериват Базно масло во количина од 128.500 литри и други подвижни предмети,Продажбата ќе се одржи на ден 25.12.2025 година во 10:30 часот во просториите на Извршител Благој Бањански од Неготино.

Почетна цена: 18,146,769
Град: Неготино


 904/2024
Движнина: Друго
Извршител: Васко Блажевски
Датум на продажба: 2025-12-22
  -Товарно возило Renault, тип CL5 Equilibre 1.0 TCe 100 ks LPG, код CL5 E2W M6 6U S, зафатнина на мотор (cm3) 999, моќност на моторот (KW/KS) 74, број на седишта 2, боја на возило Бела, година на производство 2023...со вредност од 14.000,00 евра во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ, на денот на продажбата, Продажбата ќе се одржи на ден 22.12.2025 година (понеделник) во 11:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 0
Град: Скопје


 1580/2022
Движнина: Машини
Извршител: Гордана Џутеска
Датум на продажба: 1970-01-01
  -Работна машина подвижна дробилка со гасеници производител METSO LOCOTRAC, модел LT 1213, сериски број 74893 година на производство 2008 година, тежина 41500 кг. сила на опрема 415 к.сили, исправна состојба, и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 25.12.2025 година во 10.00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 5,674,407
Град: Охрид


 593/2016
Движнина: Друго
Извршител: Премтим Ќерими
Датум на продажба: 2025-12-24
  залиха опишани во Извештај за извршена процена на подвижен имот-залиха бр.1134/2025 изготвен од овластен проценител ПРОЦЕНИТЕЛСКА КУЌА “ШУМАНТЕВИ ” ДООЕЛ СКОПЈЕ ,Согласно чл. 109 став 4 од ЗИ спецификација на подвижните предметите за кои е определена втора усна јавна продажба е достапна во канцеларија на извршителот, Продажбата ќе се одржи на ден 24.12.2025 година во 11:00 часот во просториите на канцеларија на Извршителот.
Почетна цена: 3,266,973
Град: Куманово


 2031/2025
Движнина: Друго
Извршител: Зорица Симиќ
Датум на продажба: 2025-12-23
  -Комплетна котлара со: котел - RADIALAND со горилник, електро котел од 30 kw, бојлер за санитарна топла вода од 2T; резервоар вкопан од 50T, резервоар за топла вода, котел на струја, систем за омекнување на водата, опрема, цевки и инсталација, изведувач ДАБАР СКОПЈЕ, тип/модел 580 kw, година на производство 2011, со вредност од 7.625,00 ЕУР во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на продажбата и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 23.12.2025 година во 11.00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 0
Град: Скопје

Обука за обучувачи (ТоТ)

1111

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header
QRCode
lupa-6

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2

bannerbg_main

usaid

Најчести прашања

prasalnik 2

26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

usaid

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
December 2025
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031