Актуелно
Комората на извршители на РМ одбележува јубилеј – осум години од своето основање.
Почитувани,
Денес, Комората на извршители на РМ одбележува јубилеј – осум години од своето основање.
Пред осум години на 07 јуни 2006 година се одржа Основачкото Собрание на Комората на извршители на РМ. При основањето бројот на именувани извршители изнесуваше 40, а моментално во Комората на извршители членуваат 99 извршители и 12 заменици на извршители кои со својот труд и посветеност, успејаа да допринесат денешниот јубилеј да биде прослава на владеењето на правото.
Владата на РМ на 126-та седница го усвои Акциониот план за афирмација на должноста извршител
19.03.2013 година
Владата на РМ на 126-та седница го усвои Акциониот план за афирмација на должноста извршител, во кој свои обврски со временски рокови покарај Министерството за правда има и Комората на извршители. повеќе...

















