Информации за нови извршители

ИНФОРМАЦИИ ЗА НОВОИМЕНУВАНИ ИЗВРШИТЕЛИ

 

По именување од страна Министерот за правда и по добивање на Повелба за именување, новоименуваниот извршител согласно член 35 став 3 од ЗИ во рок од три дена од денот на предавањето на повелбата, потребно е во Комората на извршители да поднесе:

 

  1. Склучен договор за осигурување од одговорност за штета сторена на трети лица;
  2. Барање до Претседателот на КИРСМ, за изготвување мислење за утврдување на просторни услови согласно Правилникот за видот на опремата и просторот потребни за вршење на извршни работи, превземи тука :
  3. Барање до Претседателот на КИРСМ, за донесување на решение за определување на ден за отпочнување со работа како извршители согласно член 35 став 5 од ЗИ;
  4. Барање до Претседателот на КИРСМ, за одобрување и заверка на отисоци од печат, штембил и пломба, согласно член 36 став 2 од ЗИ;
  5. Барање за упис во Именикот на извршители на РСМ;
  6. Пополнета пријава за обезбедување на податоци преку едношалтерски систем до Централен регистар (Образец ПЕ) превземи тука:  Образец ПЕ

Забелешка :

–       Пријавата на страна 1 ја потпишува Претседателот на КИРСМ како овластено лице на Основниот Регистар, на страна 2 се потпишува извршителот.

–       Идентификациониот број  го добивате во КИРСМ како Основен Регистар

7. Образец заверен потпис –ЗП заверен на нотар;

превземи тука: Образец заверен потпис ЗП

8. Решение за именување на извршител–заверено на нотар;

9.Повелба за именување на извршител –заверена на нотар;

10. Копија од лична карта на извршител;

11.  Известување за е-маил адреса и телефонски броеви за контакт и банка депонент за посебната сметка на извршителот.

 

Потребни податоци за упис во електронски Именик на извршители на  КИРСМ  :

  1. Решение од Централен регистар на РСМ
  2. Број на посебна сметка на извршител и депонент банка
  3. Обрасци  М1 и М2 -копија
  4.  Е-маил адреса на извршител

 

Потребни податоци за Книгата за депонирање на потпис, печат, штембил и пломба , согласно член 36 став 2 од ЗИ и Праилникот за формата и содржината на таблата за означување на службената просторија на извршителот, печат, штембил, пломба, потпис, дигитален сертификат на извршителот и заменикот и начин на нивно користење :

 

  1.  Потпис, печат, штембил и пломба на извршител

Во случај на губење на печатот или штембилот извршителот е должен веднаш по електронски и писмен пат да извести судот на чие подрачје е неговото седиште и Комората согласно чл. 36 ст. 8 од Законот за извршување.

 

Забелешка: Објавата на Решението за определување на денот за почеток со работа во Службен весник на РСМ  ја врши Комората на извршители согласно чл.35 ст.5 од ЗИ.

 

За новоименуваниот извршител кој го продолжува извршувањето на предметите на извршителот чија должност престанала, согласно член 74 став 2: Комората ќе објави известување во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во два дневни весници, од кои што едниот на службен јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, на кои што македонскиот јазик и кирилско писмо не им е мајчин јазик, кој извршител ги презема предметите од извршителот чија должност престанала.

 

Барањето за упис во Централниот регистар се доставува преку Комората на извршители на РСМ.

 

Легитимацијата на извршителот ја издава Министерство за правда до каде што се поднесува барање за издавање на легитимација согласно чл.37 од ЗИ и

Правилникот за формата и содржината на легитимацијата на извршителот и на заменикот на извршител, начин на нејзиното издавање, одземање и поништување, превземи тука:

Pravilnik za2 formata i sodrzinata na legitimacijata izvrsitelot sl.v.br.226.16

 

 

Корисни Информации:

–       Уписнина во КИРСМ изнесува 10.000,00 денари

–       Месечната членарина изнесува 6.000 денари

–       Кварталниот извештај за работата на извршителот ,се пополнува на образец, се доставува 4 пати во годината, во електронска форма до Министерство за правда  на е-маил: vnelovski@mjustice.gov.mk и до Комората на извршители на е-маил: izvrsitelinarm@yahoo.com во рок од 10 дена по истекот на кварталот, определено со член 56 ст.1 од ЗИ и Правилник за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот.

–       Образецот од кварталиниот извештај е составен дел од Правилникот за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот објавен на сајтот на Комората http://kirm.mk/?page_id=39

 

–       Согласно член 49 став 1 од ЗИ: Секој извршител има обврска да достави предлог до за именување на заменик на извршител во рок од 30 дена од денот на започнување со работа.

–       Согласно член 50 став 6 од ЗИ: Извршителот е должен, истовремено со именувањето на неговиот заменик-извршител, да му издаде овластување на заменикот да располага со редовната и посебна сметка.

–       Согласно член 36 став 4 од ЗИ: Извршителот е должен да обезбеди дигитален сертификат издаден од овластен издавач на сертификати (електронски потпис) веднаш по давањето на свечената изјава.

–       Согласно член 36 став 10 од ЗИ: Извршителот пред започнувањето со работа е должен да се поврзе електронски со Агенцијата за катастар на недвижности, Клириншките куќи, банките, Централниот регистар, Управата за водење на матични книги, Министерството за внатрешни работи и за конкретен предмет по електронски пат да ги доставува налозите, записниците, заклучоците, и другите документи кои произлегуваат од вршењето на неговата работа.

–       Согласно член 35 став 12 од ЗИ: Именуваниот извршител е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на именувањето, да пополни анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост, или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки. Анкетниот лист се доставува до Државната комисија за спречување на корупција и Управата за јавни приходи. Превземи Образец тука :

https://dksk.mk/647-2/

 

–       Извршителот согласно член 178 став(2) од ЗИ има обврска Заклучокот за продажба со усно јавно наддавање да се објавуви во најмалку еден дневен весник кој излегува на целата територија на Република Македонија и електронски на веб страницата на Комората. Огласот кој треба да се објави на веб страната на КИРМ се доставува до Комората на е-маилот: oglasi@kirm.mk

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Партнерства и соработка

Јавни објави за достава

Logotype1111

Продажба на имот

 





НЕДВИЖЕН ИМОТ


  2106/2023
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Весна Јакимовска
Датум продажба: 2024-05-28
 имотен лист бр. 92363 за КО Гостивар 1 -згради во останато стопанство-Продажбата ќе се одржи на ден 28.05.2024 година во 10:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 3,383,254
Квадратура: 125
Град: Гостивар


  436/2022
Тип недвижност: Стан
Извршител: Александра Заринска Дуровска
Датум продажба: 2024-05-23
 Лист за предбележување на градба бр. 91913 за КО Ѓорче Петров 1 – Ново Село на АКН- Скопје-Имотен лист бр.91887 за КО Ѓорче Петров 1 - Ново Село Почетната вредност на недвижностаизнесува 38.279,00 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на РСМ на ден на плаќање,Продажбата ќе се одржи на ден 23.05.2024година во 10,00 часот во просториите на извршителот
Почетна цена: 0
Квадратура: 47
Град: Скопје


  789/2024
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Емилија Павловска
Датум продажба: 2024-05-29
 имотен лист број 83967 за КО Штип 5-имотен лист број 15462 за КО Кочани -имотен лист број 18113 за КО Кочани- Продажбата ќе се одржи на ден 29.05.2024 година во 12.00 часот во просториите на извршителот.
Почетна цена: 5,760,336
Квадратура: 150
Град: Штип


  987/2023
Тип недвижност: Стан
Извршител: Благоја Бакрачевски
Датум продажба: 2024-05-21
 имотен лист бр.189 КО АЛДИНЦИ-Продажбата ќе се одржи на ден 21.05.2024 година во 10:00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 1,779,313
Квадратура: 36
Град: Скопје


  155/2013
Тип недвижност: Друго
Извршител: Христо Јованов
Датум продажба: 2024-05-22
 помошна просторија во помошни објекти во земјоделството Имотен лист број 237 за КО Талашманце АКНКратово-Продажбата ќе се одржи на ден 22.05.2024 година во 10.00 часот во канцеларијата на извршителот.
Почетна цена: 319,557
Квадратура: 58
Град: Кратово


ПОДВИЖЕН ИМОТ


 614/2023
Движнина: Слики
Извршител: Александар Чамовски
Датум на продажба: 2024-05-21
  ТМВ марка MAN TGA, со регистерски број SR-0135-AB, произведено 2005 година, број на шасија WMAH10ZZ85M418360 број на мотор 50509852150988, регистрирано до 22.08.2023година и други подвижни предмети - Продажбата ќе се одржи на ден 21.05.2024 година во 12,00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 788,207
Град: Струмица


 780/2023
Движнина: Друго
Извршител: Емилија Павловска
Датум на продажба: 2024-05-16
  Колска вага (Libela),производство 1978, количина 1-Мазутара од 2 вкопани резервоари (2Х100см3), производство 1976, количина 1, и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 16.05.2024 година во 12.00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 295,200
Град: Штип


 444/11
Движнина: Друго
Извршител: Петре Темелков
Датум на продажба: 2024-05-16
  Дупликатор за припрема на сирупи,производител Прва Искра Бариќ тип:1м3,фабрички број 15576,година на производство 1987 и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 16.05.2024година во 12,00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 325,200
Град: Радовиш


 1164/2021
Движнина: Друго
Извршител: Гордана Џутеска
Датум на продажба: 2024-05-31
  -Работна машина подвижна дробилка со гасеници производител METSO LOCOTRAC, модел LT 1213, сериски број 74893 година на производство 2008 година, тежина 41500 кг. сила на опрема 415 к.сили, исправна состојба и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 31.05.2024 година во 10.00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 5,674,407
Град: Охрид


 258/2024
Движнина: Автомобил
Извршител: Александар Чамовски
Датум на продажба: 2024-05-15
  Регистарски број: SR 8451 AC, D1-Марка: VOLKSWAGEN, D2-Тип: 2KN/BBBSTX01, D3-Комерцијална ознака: CADDY 2.0 SDI, E-Идентификационен број на возилото: WV1ZZZ2KZ7X019770, 5A-Година на производство: 2006, J-Категорија и вид на возилото: N1 – TOVARNO, 38-Облик и намена на каросерија: BB – FURGON, 21-Тип на мотор: RST, P5-Идентификационен број на мотор: 028 846; и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 15.05.2024 година во 12,00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 206,030
Град: Струмица

Обука за обучувачи (ТоТ)

1111

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header
QRCode
lupa-6

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2

bannerbg_main

usaid

Најчести прашања

prasalnik 2

26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

usaid

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
May 2024
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031