Uncategorized
Работилници за примена на новиот Закон за извршување
На ден 17.08.2016 година во Скопје , Комората на извршители на РМ ја одржа последната работилница за примена на новиот Закон за извршување, која беше дел од низата работилници што се одржаа на ниво на Република Македонија во Охрид, Прилеп, Гостивар, Кавадарци, Кратово, Струмица и Штип, кој беа наменети за извршителите, замениците извршители, помошниците извршители и вработените во канцелариите на извршителите. Модератори на обуките беа извршител Гордан Станковиќ од Скопје, извршител Снежана Фитеска од Скопје и извршител Снежана Андреевска од Скопје.
Извршителската канцеларија мора да работи како швајцарски часовник – Јос Уитдехааг, правен консултант и прв квестор на Комитетот на Меѓународната унија
На меѓународната конференција „Актуелни правни ризици и предизвици во извршувањето“ имавте излагање за правната положба, заштитата и протоколите за безбедност на извршителската канцеларија. Кои се клучните пораки на вашето излагање? повеќе...
Примена на безбедносен протокол е повеќе од потребно – Јос Уитдехааг, правен консултант и прв квестор на Комитетот на Меѓународната унија
Комората на извршители на РМ и Централниот регистар ја унапредуваат соработката
Интензивирање на соработката за унапредување на постапките за извршување и зголемување на правната сигурност во Република Македонија, беше темата на работната средба меѓу претседателот на Комората на извршители Зоран Петрески и директорот на Централниот регистар на РМ Андреа Поповски. Повеќе…
Советување за извршување
Спецификите на Новиот Закон за извршување и насоки за негова примена од аспект на корисниците на извршителските услуги, извршителите, адвокатите, правниците во трговските друштва, правниците во јавните претпријатија со посебен фокус на вонсудската наплата на побарувањата”.
повеќе...
Зоран Петрески: Летуваат во луксуз, а алиментација плаќаат само преку извршител
Граѓаните не се најголемите и најчестите должници кои завршуваат на Извршител, напротив фирми и лица со имот и пари. Претседателот на Комората за извршители, Зоран Петрески во интервју за Прес24, вели дека е погрешно да се стави равенство помеѓу граѓаните и должниците. Должници се фирми, приватни компании, Локални самоуправи, јавни претпријатија, државни органи, вели Петрески во интервјуто. повеќе...
Новиот Закон за извршување има значајни промени во статусниот и во процесниот дел – ГОРДАН СТАНКОВИЌ
Со новиот Закон за извршување ќе се надминат проблемите што ги предизвикува во праксата постојниот Закон за извршување, кој има бројни недоречености, противречности и контрадикторности, вели извршителот Гордан Станковиќ. повеќе...
Собранието на Република Македонија го донесе Законот за извршување.
Собранието на Република Македонија на 98. седница на 05.04.2016 година го донесе Законот за извршување. Пратениците во Собранието со мнозинство гласови го усвоија Законот за извршување. повеќе...
Пред стопанствениците промовирана книгата – „СУДСКА ЗАШТИТА ВО ИЗВРШУВАЊЕТО – АНАЛИЗА И КОМЕНТАР НА СУДСКА ПРАКТИКА“ од авторот Михајло Маневски
Извршувањето на судска одлука која гласи на исполнување на одредена обврска, на нотарска или друга извршна исправа и на одлука донесена од управен орган која гласи на исполнување на парично побарување е несомнено сложена и одговорна професија. Со извршувањето се остваруваат целите на постапката, а круна на секоја постапка е извршување на донесената одлука, независно дали се работи за судска или управна постапка или, пак, се работи за извршување на нотарска исправа. Ова го истакна господин Михајло Маневски, кој пред стопанствениците ја промовираше својата книга „Судска заштита во извршувањето – Анализа и коментар на судската практика“. повеќе...
Новиот Закон за извршување нуди ефикасност, намалување на трошоците и заштита на најранливите категории
Новиот законот за извршување, кој се наоѓа во собраниска процедура, нуди квалитетни решенија и придобивки за сите учесници во извршувањето. Извршителите добиваат јасни и прецизни одредби за постапување, оневозможување на нелојалната конкуренција која влијаеше и на квалитетот на работата. Доверителите добиваат ефикасност. Сепак, Законот најмногу нуди решенија за физичките лица –должници, за заштита на најранливите категории. Повеќе…
Наместо блокада на сметката и трошоци од 10.000 денари, извршителот ќе ве “замоли” да си го платите долгот
Долгот од 1.000 денари за “заборавени” сметки за парно, струја, вода, кабелска, мобилни наместо блокирана сметка од извршител и извлечени 10.000 денари за трошоците при извршувањето- граѓаните да ги чини само онолку колку што е долгот со мала законска камата. Повеќе…
Соопштение
Ве известуваме дека на ден 28.12.2015 година Комората на извршители на РМ ќе одржи Прес конференција во 11 часот во Бизнис салата во просториите на Стопанската комора РМ во Скопје. Целта на конференцијата е запознавање на јавноста со придобивките од донесување на новиот Закон за извршување кој е во собраниска процедура.
“ Судска заштита во извршувањето. Анализа и коментар на судска практика “
Комората има чест да Ве извести дека излезе од печат книгата “ Судска заштита во извршувањето. Анализа и коментар на судска практика “ од автор г-дин Михајло Маневски а чиј издавач е Комората на извршители на РМ. повеќе...