Archive for 15 March, 2022
Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Драган Алексиќ од Куманово, дека предметите ги презема извршител Лазар Петровски од Куманово, определен со Решение бр.09-134/3 од 21.02.2022 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Куманово, Основен суд Кратово и Основен суд Крива Паланка, со седиште на ул. Тане Георгиевски бр. 6/1-5 Куманово.
24-ти Меѓународен конгрес на Меѓународната унија на судски извршители
Во период од 22-ри до 25-ти ноември 2021 година во Дубаи се одржа 24-тиот Меѓународен конгрес на Меѓународната унија на судски извршители. Темата на конгресот беше Сајбер правда – нова можност за извршителите. Во рамките на конгресот се одржа и Постојан совет на Генералното собрание на Меѓународната унија на судски извршители за ратификација на нови членови на МУСИ, ратификација на изменетите статути на МУСИ како и избор на нови членови во раководните тела на МУСИ.