Archive for December 2023
Доделени Повелби на новоименувани извршители
На ден 22.12.2023 година во Министерството за правда на РСМ беа доделени Повелби на новоименувани извршители, Лидија Радеска за подрачјето на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, Бране Милчески за подрачјето на Основен суд Струмица и Основен суд Радовиш и Марија Попов за подрачјето на Основен суд Велес, Основен суд Гевгелија, Основен суд Кавадарци и Основен суд Неготино. На доделувањето на Повелбите беше присутен и Претседaтелот на КИРСМ, Весна Деловска од Скопје.
Постојан совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ)
Делегација на Комората на извршители на Република Северна Македонија во состав од Претседател на КИРСМ Весна Деловска и Потпретседател на КИРСМ Билјана Николовска учествува на Постојан совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ) во Париз, Франција во период од 21-24.11.2023 година.