Archive for May 2024
И З В Е С Т У В А Њ Е
Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16, 233/18, 14/20 и 154/23) го објавува следното известување,
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предмет/ти кои се водеа во канцеларијата на извршител Драган Кочовски од Велес дека предметите ги презеде извршител Ангел Костадиновски од Кавадарци со седиште на ул. Шишка бр.2 локал 1 во Кавадарци, определена со Решение на Министерство за правда на РСМ бр.09-1566/1 од 16.05.2024 година
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Претседател Весна Деловска
И З В Е С Т У В А Њ Е
Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16, 233/18, 14/20 и 154/23) го објавува следното известување,
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предмет/ти кои се водеа во канцеларијата на извршител Музафер Хоџиќ од Скопје дека предметите ги презеде извршител Лидија Радеска со седиште на ул.Св.Кирил и Методиј бр.52 Б/1-4 во Скопје, определена со Решение на Министерство за правда на РСМ бр. 09-1468/2 од 16.05.2024 година .
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Претседател Весна Деловска
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судскиот совет на РСМ и Комората на извршители на РСМ
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева денес потпиша Меморандум за соработка со претседателката на Комората на извршители на Република Северна Македонија, Весна Деловска. Официјализирање на соработката со потпишување на овој Меморандум е од особено значење и во истиот се дефинира начинот на соработката која ќе се остварува преку едукација, обука, придонес во објавување на стручни и научни трудови, давање на експертска помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знaење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес. Превземено: Извор