Годишно собрание на КИРМ: Годинава за првпат на средби со обвинителите
„Комората во 2013 година потпиша Меморандум за соработка со Коморите на извршителите на Бугарија, Србија и Албанија во кои што е договорено покрај останатото, треба да се обидеме да ги збогатиме нашите стручни едукации со размена на искуства, судка пракса и законски решенија што ги има во соседните земји“, појасни Станковиќ.
Корисни печатени изданија наменети за извршителите
Покрај случувањата на редовното Годишно собрание, извршителите имаа можност да се запознаат со печатените изданија од страна на издавачката куќа „АКАДЕМИК“, како што се: Законот за извршување, Закон за сопственост и други стварни права со Закон за договорен залог, Закон за управни спорови, Закон за облигациони односи и последното издание, Закон за стечај со коментар.