Годишно собрание на КИРМ: Годинава за првпат на средби со обвинителите
„Сметаме дека кај колегите обвинители има недоволни познавања од областа на извршувањето. Тие се занимаваат со расчистување на тешки криминални активности, со организирани криминали, сето тоа е кривично право, а ова е граѓанско право. Некогаш се појавуваме како обвинети или сведоци во постапки, а очигледно тоа е непотребно. Ќе има четири средби со обвинителите на регионално ниво, а средбите со новинарите веќе ги започнавме. Одлучивме средбите со претставниците на медиуми да ги продолжиме“, вели Станковиќ.