Годишно собрание на КИРМ: Годинава за првпат на средби со обвинителите
„Се презентираше годишниот Извештај за преземените активности во Комората, односно кои активности се преземени во земјата и во странство, поврзани со законите, случувањата во обвинителството, позицијата на извршителите во кривичните постапки против нив, дисциплинската одговорност итн. Презентиравме колку постапки се покренати против извршителите колку од нив се казнети, а колку се ослободени. Укажавме на трошењето на парите, односно големината на буџетот, колку се трошело, дали има некои значајни отстапување од планираното, или, пак, е помалку потрошено од претходно планираното. Донесуваме одлука да се усвои Извештајот, одлука за усвојување на завршната сметка, одлука за идниот план“, вели претседателот Станковиќ.