Спојот на младоста и искуството гарантира дека извршителската професија ќе продолжи успешно да се развива — Зоран Петрески, новиот претседател на КИРМ
Секој граѓанин да ги дознае своите права и обврски во моментот кога ќе се најде пред извршител, без разлика дали е во улога на доверител или должник, ова е една од целите за чие што целосно остварување, како што уверува, ќе се залага новиот претседател на Комората на извршители Зоран Петрески чиј двегодишен мандат започна од вчера.
„Ценам дека Комората во изминатите две години направи сериозен исчекор во своето работење. Пред сѐ мислам дека „излезе“ во јавноста, што е многу важно. За жал сѐ уште постојат прашања кои се однесуваат на на извршувањето, а за кои граѓаните не се доволно информирани, па честопати секој од нас, како извршител, се соочува со проблеми кои произлегуваат од неиформираноста на граѓаните и мислам дека една од активностите на Комората би била таа: секој граѓанин да ги дознае свите права и обврски во моментот кога ќе се најде пред извршител, без разлика дали како доверител или должник. Добро е што во Комората имаме и искусни и млади извршители, спојот на младоста и искуството гарантира дека оваа професија ќе продолжи успешно да се развива“, вели Петрески.