Спојот на младоста и искуството гарантира дека извршителската професија ќе продолжи успешно да се развива — Зоран Петрески, новиот претседател на КИРМ
За Станковиќ, изготвувањето на Предлогот на Законот за извршување претставува најголема придобивка на Комората во текот на неговиот мандат.
„Законските решенија содржани во овој Предлог-закон гарантираат подобрување на состојбите во извршувањето: истотото ќе се забрза и ќе стане поефикасно, странките поедноставно ќе ги исполнуваат на нивните права и целата постапка ќе биде многу подобрена“, вели тој. Во овој контекст тој додава дека напредок гледа и во односот на Комората на извршителите и на извршувањето со јавноста преку подобрување на контактите со медиумите. Слабостите, пак, ги лоцира во односот на Комората со одредени институции.