Спојот на младоста и искуството гарантира дека извршителската професија ќе продолжи успешно да се развива — Зоран Петрески, новиот претседател на КИРМ
„Сѐ уште има простор да се подобри соработката со Министерството за внатрешни работи во поглед на одземање на моторни возила, сѐ уште може да се подобри пристапот на извршителите до базите на податоци бидејќи ние обавуваме јавна служба и според закон имаме право на пристап до тие податоци, а во праксата често се случува тие да не нѝ се достапни. Во овој момент, во рамки на Министерството за правда се работи на еден проект финансиран од ЕУ чија цел е да му се овозможи на секој извршител од својата канцеларија да има директен пристап до некоја од базите на податоци, а тоа се разбира ќе биде пропратено со извесна контрола. Немам престава колку тоа ќе вроди со плод: дали на пример ќе имаме нпристап до централната пријавница на МВР, би било исто така добро извршителот да има право на пристап до Македонско кредитно биро…“, истакнува Станковиќ.
Ако не постои извршувањето, нема да има ниту извршување на правдата