Работен состанок на директорот на Академијата „Павел Шатев“, г-ѓа Арнаудовска со претседателот на Комората на извршители, г. Зоран Петрески и извршител Христо Јованов член на управен одбор на КИРМ
Во рамките на Меморандумот, ќе бидат опфатени заеднички активности на Академијата и Комората од кои дел ќе се реализираат преку организација на заеднички обуки и семинари кои ќе бидат посветени на теми поврзани со надлежностите на судиите, јавните обвинители и извршителите, со посебен акцент на Законот за извршување и дилемите со кои се соочуваат извршителите во својата секојдневна работа. Соработката помеѓу двете институции ќе опфати размена на едукатори, аплицирање на заеднички проекти кои ќе бидат од интерес како за судиите и јавните обвинители, така и за извршителите во Република Македонија, како и развивање на е learning модули за обука на судиите, јавните обвинители и извршителите од области кои се во рамки на нивното професионално делување.