Зајакнување на финасиската дисциплина е клучна придобивка од воведувањето на извршителската професија во Србија — Александра Трешњев, претседател на Комората на извршители на РС
Од 1 септември годинава на должност во Србија стапија нотарите. Пред две години, пак, своите места во српскиот правосуден систем ги зазедоа приватните извршители. Воведувањето на овие нови професии има за цел изградба на современ и ефикасен правен систем. Зајакнувањето на финасиската дисциплина е основна придобивка од работењето на приватните извршители, вели Александра Трешњев, претседател на српската Комората на извршители. Таа во интервјуто за АКАДЕМИК говори за предизвиците со кои се соочува оваа млада професија во Србија.
Првите приватни извршители во Србија стартуваа со работа во мај 2012 година. Предвидени се 334 извршителски места, од кои засега се пополнети 218.