Зајакнување на финасиската дисциплина е клучна придобивка од воведувањето на извршителската професија во Србија — Александра Трешњев, претседател на Комората на извршители на РС
„Најмногу работиме со комунални предмети бидејќи тука сме исклучиво ние надлежни и доверителите немаат на кому да ги дадат предметите освен на нас. За разлика од кај вас, во таа посебна постапка, извршителите се тие кои носат решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа и ја спроведуваат постапката до нејзиното завршување. Само во случај ако должникот поднесе приговор, предметот заедно со приговорот се доставува до судот на одлучување. Во поглед на другите предмети, банките и претпријатијата и физичките лица претпазливо нѝ доаѓаат, некако имам впечаток дека сѐ уште немаат доволно доверба“, посочува таа.
Иако, како што вели, засега нема податоци колку извршителите во Србија наплатиле ланската година, претседателката уверува дека наплатата е зголемена, а процентот на решение предмети постојано расте. Една од основните придобивки од воведувањето на приватните извршители во Србија според нејзе е зајакнувањето на финасиската дисциплина.