Зајакнување на финасиската дисциплина е клучна придобивка од воведувањето на извршителската професија во Србија — Александра Трешњев, претседател на Комората на извршители на РС
„Воведувањето на приватните извршители во правосудниот систем на Србија, пред две години, допринесе за пораст на доброволното плаќање на долговите за комуналии и зајакнување на финасиската дисциплина. Во случајот на едно големо јавно комунално претпријатие имаме податок дека само во еден месец нивото на доброволна наплата достигна 97 отсто. Ете тоа е најдобрата последица од воведувањето на оваа професија – финансиската дисциплина. Процентот на решени предмети постојано расте, а и ние стануваме поефикасни. Не можам точно да ви кажам колкава била наплатата минатата година, иако тоа е ефектна иформација за јавноста, можам да кажам дека почнуваме полесно да доаѓаме до податоците, службите и државните органи се запознаени веќе со нашата работа бидејќи на почеток при барањето на податоците наидувавме на отпор“, истакнува Трешењев.
Условите за вршење на оваа професија во Србија се горе-долу слични како и во Македонија, што се однесува до опремата и просториите за работа на извршителот, претседателката на Комората извршители на Србија вели дека овие услови во српското законодавство не се толку дефинирани.