Зајакнување на финасиската дисциплина е клучна придобивка од воведувањето на извршителската професија во Србија — Александра Трешњев, претседател на Комората на извршители на РС
Претседателката на српската Комората на извршителите особено е горда на воспоставената соработка меѓу Комората и правните факултети во Белград и Ниш.
„Пред неколку месеци потпишавме меморандум за соработка кој освен размена на информации искуства од областа на правото, има за цел запознавање на студентите на овие факултети со извршителската професија. Така што студентите во четврта година идат на пракса во извршителските канцеларии. Значи тоа функционира и ние сме горди бидејќи нас нѝ се потребни такви авторитети како факултетските установи“, заклучува Трешњев.