200.000 ЕВРА ЗА ПЕНЗИСКО ЗАГЛАВЕНИ КАЈ ИЗВРШИТЕЛИТЕ
Граѓаните не можат да добијат уплата на заостанат пензиски придонес во случаите кога го тужеле работодавецот и го добиле спорот. Извршителите што треба да ги спроведат судските одлуки, не можат да го сторат тоа, зашто Управата за јавни приходи не им ги прифаќа ваквите уплати за пензиски придонес. Тие не се вклопуваат во концептот на бруто-плата, со кој, истовремено, со платата се плаќаат и придонесите за пензиско, здравствено и за вработување, како и персоналниот данок. Повеќе…