Вонредна седница на Собранието на Комората на извршителите и Семинар на извршителите
Од 03 до 05 oктомври 2014 година, во Струга во хотел “Дрим“се одржа вонредна седница на Собранието на Комората на извршителите и Семинар на извршителите на Република Македонија. Во рамки на семинарот Министерот за правда г-дин d-r Adnan Jashari одржа поздравен говор во кој ја истакна поддршката на Министерството за правда на извршителите. Во рамкинасеминарот свое излагање имаше професор д-р Арсен Јаневски од правниот факултет ”Јустинијан први”,г-дин Димитар Ѓеорѓиевски Директор на Дирекцијата за заштита на личните податoци, г-ѓа Славица Богоева Директорот на Македонско кредитно биро како и претставници на Управата за јавни приходи.На семинарот беше присутна и делегација на Комората на извршители на Република Албанија. Повеќе фотографии