Последниве 9 месеци наплатени околу 73 милиони евра
„И за оваа година се очекува истата бројка. Не можам да се пожалам на зголемено незадоволство кај должниците. Сепак, над 80% од приговорите се одбиваат како неосновани. Должниците најчесто се жалат бидејќи не биле известени дека ќе им се блокира сметката, но Законот го дозволува тоа “, појасни Рибарев.
Од 1 јануари 2014 година до 30 ноември 2014 година по повод вкупно доставените 33 предлози за поведување дисциплинска постапка од Министерството за правда, Комората има изречено 17 дисциплински казни на извршител и тоа 11 парични казни и 6 јавни опомени.