Последниве 9 месеци наплатени околу 73 милиони евра
„Иако годинешните податоци се однесуваат за девет месеци, според темпото на работа, не очекуваме дека ќе ја достигнеме вредноста наплатена минатата година бидејќи показателите се дека извршувањето од година во година е сè помало“, изјави претседателот на Комората на извршители, Зоран Петрески, на презентацијата на Извештајот.
Според скопскиот извршител Гордан Станковиќ, падот се должи на зголемената финансиска дициплина кај должниците.