Последниве 9 месеци наплатени околу 73 милиони евра
Ваквите проблеми, според извршителите, пред сè се должат на законски недоречености и неусогласеност на законските решенија поврзани со извршувањето, но и на отсуство на поддршка од релевантните фактори во приватниот сектор – осигурителните компании, банките, кои не се многу расположени за соработка и не одговараат на барањата од извршителите за информации во врска со должниците, или пак тарифите за тие информации се доста високи. Тие истовремено посочуваат дека тешкотии се јавуваат и поради недостиг од институционален дијалог со министерствата што се надлежни за релевантните регистри, како што се информации за граѓанскиот статус на должникот, за неговиот социјален статус итн.
Говорејќи на тема „Доставување на писмена“, извршителот Премтим Ќерими од Куманово, член на Управниот одбор на Комората, истакна дека има случаи во пракса кога странката намерно си го менува името, но и проблем со адресните податоци. Сепак, тој потенцира дека извршителот е должен секој неуспешен обид за достава да го констатира со службена белешка.