Последниве 9 месеци наплатени околу 73 милиони евра
Емилија Павловска, потпретседател на Комората на извршители и извршител од Штип, вели дека кај граѓаните се создал најголем револт по префрлањето на старите предмети од судовите кај извршителите.
„Ние почнавме да блокираме сметки, но голем дел од луѓето на коишто им беа блокирани сметките дојдоа кај мене со информации што мене не ми се познати, односно дека се долги години технолошки вишок и не смеат да им се повлекуваат пари. Јас од тоа немам никаква корист, а граѓанинот е во загуба бидејќи на негов товар е блокирањето и деблокирањето на сметката “, истакна таа.