Последниве 9 месеци наплатени околу 73 милиони евра
Од друга страна, извршителите посочуваат дека најголемиот дел од проблемите со кои се соочуваат тие и должниците, вклучувајќи го и оној со целосното блокирање на сметката, ќе станат минато кога ќе се донесе новиот Закон за извршување што веќе 4 години лута низ институциите и никако да се најде на дневен ред во Собранието.
Правејќи паралела на сегашниот систем на извршување и на претходниот, кој беше во рацете на судовите, претседателот на Апелациониот суд во Штип, Стојанче Рибарев, посочи дека придобивките од новиот систем се многу значајни за целокупното фунционирање на државата.